(Видео) Патријархот Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан


Српскиот патријарх Порфириј во Белград го пречека архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква – Охридска архепископија г.г. Стефан.

Видео снимката од пречекот во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград е објавена на фејсбук и на инстаграм профилот на патријархот Порфириј.

Архиепископот г.г. Стефан пристигна во Белград во придружба на архиереи на МПЦ-ОА.

„Како што бијат камбаните на црквата Свети Сава, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојдовте брате Архиепископ Стефан и Владико. Ние сме браќа и само браќа!“ напиша патријархот Порфириј на Инстаграм со видео од средбата.

 

Како што соопшти Српската православна црква, денеска во храмот „Свети Сава“ во Белград ќе се одржи архиерејска литургија на помирување, на која ќе служат патријархот Порфириј и архиепископот Стефан.

На литургијата ќе сослужуваат архиереи на двете цркви.