Како изгледаше заедничката литургија на МПЦ -ОА и СПЦ во Соборниот храм (Галерија)

Неговата сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, нè спушти во водата, бидејќи 55 години седевме чекајќи во тремот, рече архиепископот Стефан


Фото: Б. Грданоски

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска на заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје рече дека нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена и на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар.

Фото: Б. Грданоски

– Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Фото: Б. Грданоски

„Овој денешен свет ден“, како што рече тој, „е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговатасесветост вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас!“

Фото: Б. Грданоски

„Потоа ни пристапи и друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, да нè пресретне здрави и исцелени и срдечно да нè прегрне – и да нè испрати при првосвештеникот за да го потврди нашето исцеление, како што слепиот беше пратен во бањата Силоам“, додаде г.г. Стефан.

Фото: Б. Грданоски

Аархиепископот охридски и македонски посочи дека и нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има.

Фото: Б: Грданоски

„Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“, нагласи г.г. Стефан.

Фото: Б. Грданоски

Тој потсети дека неодамна во Светосавскиот храм во Белград се случи братското помирување, кое произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката црква – Вселенската патријаршија и на Неговата сесветост.

Фото: Б. Грданоски

„Неодамна, во градот на двете реки – во Белград, под оној велелепен свод на Светосавскиот храм, воскликна радоста на народот Божји, и од Македонија и од Србија, та како гласно да се слушна воздишката на олеснување и на нашите предци и на сите нас. И таа радост на братското помирување, која произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката црква – Вселенската патријаршија и на Неговата сесветост, а од која произлезе и снисходливоста, полна со љубов и разбирање од сестринската Српска патријаршија, се случи токму во најрадосниот период од годината – во ова духовна лето на благословената Педесетница. А, еве, и вториот литургиски празник на сослужение, кога Бог ни даде, ‘со една уста и едно срце’ да го прославивме Неговото пречесно и великолепно име, повторно промислителски го славиме во значаен момент – на празникот на светите сесловенски просветители Кирил и Методиј“, рече г.г. Стефан. 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски