МАНУ ќе одбележи 51 година од основањето
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 51 година од основањето. Реч за Академијата ќе одржи нејзиниот претседател, академик Таки Фити, а по повод роденденот ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Јоланта Сујецка и Јуми Накаџима. Ќе биде отворена и изложба на изданија на МАНУ во тековната 2018 година. …