МАНУ се занимава и со изградба на паркиралишта за велосипеди


Македонската академија на науките и уметностите очигледно е препуштена сама на себе кога станува збор за уредување на инфраструктурата околу објектот во кој е сместена. Таков впечаток се добива ако се прочита неодамна објавениот оглас на МАНУ за изработка и монтажа на паркиралишта за велосипеди. Во огласот е наведено дека институцијата бара три стативи за велосипеди, секој со капацитет од седум места за паркирање. Од МАНУ процениле дека за паркиралиштата ќе треба да платат 20.000 денари без пресметан ДДВ.

Ако се има во предвид дека од пред неколку години градските власти го промовираат велосипедот како алтернативно превозно средство, па дури и субвенционираат купување велосипеди, и се почесто информираат за активности за подобрување на велосипедската инфраструктура, срамно и недозволиво е МАНУ сам да набавува паркиралишта за велосипеди. Згора на се, се реализира (ше) и промовира(ше) проект „СкопјеВелоград за подобрување на инфраструктурата за потребите на корисниците на велосипеди.

Не само Град Скопје, очигледно (не)намерен пропуст во случајов има и Општина Центар на чие подрачје се наоѓа зградата на МАНУ.