За раст на екомомијата потребна е бизнис клима без мешање на политиката


Со бизнис клима ослободена од политика и поддршка на извозната ориентација на фирмите, но истовремено со политичка стабилност и владеење на правото, ќе се обезбеди  развој на македонската економија која моментно нема клучен мотор за придвижување, оценија учесниците на денешната тркалезна маса „Растот на македонската економија-состојби, проблеми и перспективи“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

– Основно е Владата да направи добра пријателска  бизнис клима и полека да се пуштаат бизнисите да си ја вршат работата. Само на тој начин ќе се динамизира растот, изјави претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

Според него, треба да се отстранат проблемите со мешање на политиката во бизнисот, да се обезбеди квалитет во јавните набавки и да се реализираат јавни инвестици.

– Најголем  проблем во бизнис климата беше досегашното големото инволвирање на политиката од бизнисот. Да престане практиката на делење на бизнисите на ваши и наши. Тоа е прва работа која ја расипува бизнис климата, рече Фити, потренцирајќи дека јавните набавки  набавки мора да ги добиваат квалитетни фирми со перформанси кои ќе гарантираат  и релативно ниска цена но и квалитено извршување на работите.

Приоритет треба да биде и крупната инфраструктура, да продолжат блокираните работи, Владата да се посвети на гасификацијата, да инвестира во образование и наука.

Како што потенцира академик Гоце Петрески, македонската економија нема внатрешен ендоген мотор на раст, а неколкуте години со релативно пристојни стапки на раст кои се епизодни се постигнати  со т.н еднократни аквизиции на монополски или квазимонополски структури, сектори и фирми или со надворешно и внатрешно задолжување и дознаки од иселениците.

– Растот, а постепено веќе и потрошувачката се целосно зависни од екстерни приливи на ресурси. Економскиот раст базиран на ваков модел е неодржлив, рече Петрески, укажувајќи на потребата од стратегија за извозен раст.

Најновите студии, укажа, покажуваат дека спонтаниот раст бара огромен временски  период, а организираниот раст може да ги скуси временските периоди. За инфраструктурата да биде стимул  на развој, кнаведе, треба да се оптимизира во пакети, а не на парче во километри или на ќошиња.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцираше дека се согласува со ставовите на академик Петрески, најведувајќи дека гледа излез од состојбата со формирање фирми кои се исклучително извозно ориентирани.

– Ние сме мала економија, нема каде да тропшиме,  нема како да ја зголемуваме внатрешната потрошувачка, . Ние можеме да  обебзедиме стабилен раст само со зголемен извоз а зголемен извоз бара сериозни домашни компании кои ќе ги поддржиме да отвораат регионални центри и да инвестираат надвор од Македонија. Пазарот треба да се освојува, а не да се стане роб, рече Анѓушев.

Може да се направат и најидеални економски мерки но, според Анѓушев, ќе нема резултати без владеење на правото и стабилна држава и политичка  клима, што ќе се обебзеди со евроатлантските интеграции. Излезното решение, забалежа, не е создавање приватни монополи и прикажување дека се прави БДП со скапи кредити за градежни проекти кои не враќаат пари.

Како што оцени академик Фити, Македонија ќе  ја заврши годината со многу ниска стапка на раст од не повеќе од 0,4 или 0,5 проценти. Предвидената стапка на раст од 3,2 процента за следната година, според него, реално е остварлива и не е висока за македонската економија која се консолидира по кризниот период. Целта, посочи, е  толку колку што можеме да се приближиме до потенцијалната стапка на раст на Македонија според анализите во Светска банка и во МАНУ е околу 4,9 до 5,5 проценти.

МАНУ ја организираше тркалезната маса по повод 90 години од раѓањето на академик Никола Кљусев