Заев ги информираше членовите на МАНУ за решавање на спорот со Грција


Продолжуваат соработката и консултациите за градење на аргументацијата на Македонија во разговорите со Грција за решавање на спорот со името, порача денеска премиерот Зоран Заев на состанокот со членовите на Македонската академија на науките и уметностите.

Заев на средбата во МАНУ ги информираше претседателот Таки Фити и присутните академици, за текот на процесот за решавање на проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија, соопшти Владата.

Во размената на мислења во однос на ова прашање, членовите на претседателството на МАНУ, како и поранешните претседатели што зедоа учество на оваа средба, истакнаа дека највисоката научна установа во земјата има јасни ставови, документи и научни факти кои можат да помогнат во градењето аргументација на нашата страна во преговорите.

На средбата е договорено да продолжи меѓусебната консултација и соработката меѓу стручни тимови на МАНУ и Владата.