ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите


Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти, јави дописничката на МИА од Брисел по петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) со кој претседаваше …

ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите Read More »

Заев-Могерини: Поздравен напредокот, до јуни да бидат комплетирани реформите


Поздравен е силниот напредок на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда, а добиено е и охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година. Ова е констатирано на денешната средба во Брисел на премиерот Зоран Заев со …

Заев-Могерини: Поздравен напредокот, до јуни да бидат комплетирани реформите Read More »

Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел


Белгија – Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со Европската унија. Петнаесеттиот  Совет за стабилизација и асоцијација меѓу …

Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел Read More »

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО


Во Министерството за правда во тек е првата средба на која власта и опозицијата ги усогласуваат ставовите околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, кој е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска пред средбата во изјава …

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО Read More »

Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори


Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова. -Ако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори – изјави Заев. Според премиерот …

Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори Read More »

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа


Нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој повеќе нема законска можност за тоа, изјави премиерот Зоран Заев пред Кривичен суд каде беше поради случај кој се води за закани што преку Фејсбук ги добивал во 2016 година. Според Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 …

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа Read More »

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО


Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се зајакне Специјалното јавно обвинителство и тоа да стане дел од редовното обвинителство со сите негови капацитети што ги има,смета премиерот Зоран Заев во врска претстојните партиски работни групи за статусот на СЈО. „Кој сум јас и кој …

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО Read More »

Заеви на Виенскиот бал во Скопје: Гламур со валцер и захер торта


Народ и елита, дипломати и бизнисмени се измешаа викендов на Виенскиот бал во Скопје, традиционално во хотелот „Александар палас“. Балот, кој го организира Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија и Владата, имаше  хуманитарен карактер. Во текот на вечерта беше организирана добротворна лотарија. Собраните средства и …

Заеви на Виенскиот бал во Скопје: Гламур со валцер и захер торта Read More »

Заев ја отвори ексклузивната изложба во Скопје: Требениште е безвременска загатка


Премиерот Зоран Заев, кој воедно е и покровител, синоќа ја отвори изложбата „100 години Требениште“ поставена во Националниот археолошки музеј во Скопје, како резултат на заедничката соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при бугарската академија на науки во Софија, каде што се чуваат вредните артефакти од локалитетот , откриени …

Заев ја отвори ексклузивната изложба во Скопје: Требениште е безвременска загатка Read More »

Aлијанса: Заев има три месеци да се отцепи од практиките на претходниот режим


Алијансата на Албанците смета дека и последниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права, потврдиле дека продолжува да се соочува со висок степен на корупција и политизација на администрацијата и судството. Од партијата на Зијадин Села велат дека и покрај техничките и законските реформи иницирани од владата на Зоран Заев, земјата и натаму …

Aлијанса: Заев има три месеци да се отцепи од практиките на претходниот режим Read More »

И Заев зачуден од бројот на комисиите за директори


Возможна ли е деполитизација на раководните позиции во јавниот сектор кога во седумчлената комисија за избор на членови на комисијата за висока раководна служба ќе доминираат партиите со четири члена – по двајца пратеници од власта и од опозицијата? Која е сигурноста дека тие нема да фаворизираат свој кандидат за директор или секретар? Се овозможува …

И Заев зачуден од бројот на комисиите за директори Read More »

Заев: Со Мицкоски имаме различни ставови во однос на СЈО


Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека oчекува квалитетно законско решение за Специјалното јавно обвинителство во кое сите ќе веруваат. Тој истакна дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале различни ставови во однос на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за тимот на обвинители во …

Заев: Со Мицкоски имаме различни ставови во однос на СЈО Read More »

Заев во официјална посета на Албанија


Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Албанија. Во рамки на посетата, како што соопшти прес-службата на Владата на Република Северна Македонија, предвидени се средби на владино и државно ниво. Претпладне, премиерот Заев и владината делегација ќе …

Заев во официјална посета на Албанија Read More »

Мицкоски бара смена на Катица, Заев не ја дава


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители станaа главен камен на сопнување меѓу премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Двајцата се сретнаа во неделата вечерта во Владата и се договорија да се договорат како ќе се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, со оглед …

Мицкоски бара смена на Катица, Заев не ја дава Read More »

Заев се извини за лапсусот на комеморацијата за депортираните Евреи


Премиерот Зоран Заев на вечерашната комеморативна свеченост по повод 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи направи лапсус и наместо трагедија, рече традиција, пишува порталот Фокус. По ова, тој се извини на Фејсбук. -Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното …

Заев се извини за лапсусот на комеморацијата за депортираните Евреи Read More »

Заев за Прочка: Само помирено општество ќе донесе стабилна и просперитетна држава


Премиерот Зоран Заев, по повод христијанскиот празник Прочка, порача дека денешниот празник  на простувањето и помирувањето е шанса да направиме чекор за пробивање на оваа тврдина испречена пред нашата заедничка иднина. – Денешниот ден, Прочка, не учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата. Дeнес се поттикнуваме да одиме по …

Заев за Прочка: Само помирено општество ќе донесе стабилна и просперитетна држава Read More »

Средба Заев-Мицкоски, ќе разговараат за претседателските избори и реформските закони


Премиерот и лидер на СДСМ вечерва во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што најави Заев, ќе бидат теми за разговор на средбата. Според Заев, за оваа средба нема потреба од …

Средба Заев-Мицкоски, ќе разговараат за претседателските избори и реформските закони Read More »

Заев: Кога жените губат, сите губиме


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во неа вели: „Кога денеска го славиме овој празник треба да прифатиме дека во нашето општество има сѐ уште области во кои преовладуваат конзервативните и премногу застарени принципи за улогата на жената. Тоа го менуваме, …

Заев: Кога жените губат, сите губиме Read More »

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство. –Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. …

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела Read More »

Заев: Со повратот на ДДВ кај граѓаните ќе завршат од 60 до 100 милиони евра годишно


Со проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ кој е најавен дека ќе стартува од 1 јули, премиерот Зоран Заев очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно. Загубите од приходите на ДДВ, според премиерот, сега се движат околу 30 милиони евра, а штетата е уште поголема …

Заев: Со повратот на ДДВ кај граѓаните ќе завршат од 60 до 100 милиони евра годишно Read More »