Aлијанса: Заев има три месеци да се отцепи од практиките на претходниот режим


Алијансата на Албанците смета дека и последниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права, потврдиле дека продолжува да се соочува со висок степен на корупција и политизација на администрацијата и судството. Од партијата на Зијадин Села велат дека и покрај техничките и законските реформи иницирани од владата на Зоран Заев, земјата и натаму се соочува со проблемите наследени од режимот на ВМРО и на ДУИ, а сега продолжени од актуелната власт.
„Особено вознемирувачки, според Американскиот државен секретаријат, останува високиот степен на корупција, со многу случаи на корумпирани службеници вклучени во коруптивни случаи во изминатата година. Во извештајот, исто така, се нагласува политизацијата на судството и нејзино недоволно финансирање како главни пречки за независно и ефективно судство за воведување правда во земјата. Политизацијата останува присутна на ниво на јавната администрација, според американската влада, која наведува дека владеачките партии имаат воспоставено активен систем на активна патронажа преку кој администрацијата се користи за наградување и на партиските војници. На крајот, и наспроти реториката на власта за едно општество за сите, многу сектори на државниот апарат продолжуваат да ги исклучуваат Албанците и другите не-македонски заедници, особено во редовите на јавниот ред и безбедноста кои и понатаму остануваат моноетнички. На премиерот Заев мора да му биде јасно дека на земјата и преостанаа помалку од три месеци за да се отцепи еднаш засекогаш од практиките на режимот на ВМРО-ДУИ“, напоменуваат од Алијансата на Албанците.