Заев во официјална посета на Албанија


Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Албанија.

Во рамки на посетата, како што соопшти прес-службата на Владата на Република Северна Македонија, предвидени се средби на владино и државно ниво.

Претпладне, премиерот Заев и владината делегација ќе се сретнат со албанскиот премиер Еди Рама по што најавена е заедничка прес-конференција. Попладне, предвидена е и средба со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи.

Фото: Б. Грданоски