Исклучените пратеници нема да гласаат против Груевски


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на мандатот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја очекува одлуката на кривичниот суд по неговото барање за одложување на одењето во затвор за случајот „Тенк“. Груевски во четврток треба да се јави во затворот …

Исклучените пратеници нема да гласаат против Груевски Read More »

Заев ги прифати амандманите на одметнатите од ВМРО


Владата денеска на седница го усвои текстот на нацрт амандманите  на Уставот на РМ согласно договорот од Преспа и заклучоците на Собранието. На прес-конференција во Владата денеска нацрт-амандманите ги соопшти премиерот Зоран Заев кој рече дека четирите амандмани се едноставени, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓуанродните стандарди и оти заслужуваат поддршка од …

Заев ги прифати амандманите на одметнатите од ВМРО Read More »

Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“


Мислев дека и пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, но му го почитувам ставот и одлуката, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека покрај Минов, разговарано било и со други пратеници од опозицијата со цел да се зголеми парламентарното мнозинство што го поддржува договорот со Грција. Со независната осумка (пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и …

Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“ Read More »

Заев на Регионалниот безбедносен самит во Тирана


Албанија– Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот за регионална интерконекција и безбедност, што ќе се одржи во Тирана. Целта на Самитот, каде е најавено присуство на шефови на држави и на Влади на земјите од Западен Балкан и од Медитеранот, е идентификување на заедничките предизвици на државите и решенијата за побезбеден, мирољубив и …

Заев на Регионалниот безбедносен самит во Тирана Read More »

Заев на средба со претставници на Светска банка: Долгодишната соработка продолжува


Долгорочната системска и аналитичка поддршка на Светска банка во досегашната и идната соработка со Република Македонија, беше тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со претставници од Светска банка, потпретседателот за Европа и Централна Азија Сирил Мулер, регионалната директорка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и Марко Мантованели директор на Светска Банка за Македонија. …

Заев на средба со претставници на Светска банка: Долгодишната соработка продолжува Read More »

СЈО за „Независен“: Не му е вратен пасошот на Мијалков


Од Специјалното јавно обвинителство ја демантираат веста објавена во дел од медиумите дека судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков. Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање е обвинет во неколку случаи на СЈО, при што патната исправа му беше одземена како мерка за претпазливост од евентуално бегство. Од Специјалното обвинителство велат дека не …

СЈО за „Независен“: Не му е вратен пасошот на Мијалков Read More »

Заев – Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за Преспанскиот договор


Британската амбасадорка Рејчел Галовеј на денешната средба со премиерот Зоран Заев, ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Македонија во поддршка на Преспанскиот договор, оценувајќи го како значаен чекор напред во евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, двајцата на средбата констатирале дека двотретинското мнозинство во Собранието за Предлогот на пристапување кон …

Заев – Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за Преспанскиот договор Read More »

Неизсвесен почетокот на седницата за уставни измени


Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени иако беше најавена за 15 часот, се уште не е започната и не се знае кога и дали воопшто ќе започне. Во салата за пленарни седници веќе се присутни дел од пратениците од владејачкото мнозинство, а на галеријата и бројни медиумски екипи. …

Неизсвесен почетокот на седницата за уставни измени Read More »

Главниот архитект остави други да го доѕидаат договорот


Изненадувачката оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас нема да влијае врз преспанскиот договор, уверува политичкиот врв од двете земји. Неговата улога до завршувањето на процесот ќе ја презеде премиерот Алексис Ципрас. Од друга страна, самата смена во грчкиот политички врв предизвика лавини реакции во тамошната јавност, која не го крие изненадувањето што …

Главниот архитект остави други да го доѕидаат договорот Read More »

Преку грбот на Македонија, Вучиќ се пресметува со ЕУ


Развојот на настаните околу договорот со Грција и изборите во БиХ го охрабрија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да каже дека регионот има потреба од посилна ЕУ. „Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа“, рече вчера Вучиќ на отворањето на Белградскиот безбедносен форум. Премиерот Зоран …

Преку грбот на Македонија, Вучиќ се пресметува со ЕУ Read More »

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград поради уставните измени


Премиерот Зоран Заев, иако беше најавен како говорник на последниот панел од Белградскиот безбедносен форум, заедно со српската премиерка, Ана Брнабиќ, сепак, нема да присуствува. Организаторите на настанот за „Макфакс“ потврдија дека премиерот во последен момент го откажал учевството на сесијата в петок. Од Владата за „Макфакс“ велат дека причината за откажаното учество на Форумот …

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград поради уставните измени Read More »

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“


Социјалдемократите и вчера беа силно ангажирани во покривање на штетите од фрленото „маслиново гранче“ кон опозицијата од премиерот Зоран Заев на собраниската седницата за владиниот предлог за пристапување кон уставните измени. Пораките за простување и помирување, кои упатуваа на понуда за амнестија за настаните на 27 април, со оглед на околностите во Собранието околу потребата …

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“ Read More »

Почнува Белградскиот безбедносен форум – најпрестижен во овој дел од Европа


Србија-Белградскиот безбедносен форум, осми по ред, најпрестижен форум во овој дел од Европа, ќе почне денеска во Белград, каде ќе зборуваат претседатели, премиери и државни функционери. Ќе се дискутира на вкупно 20 панели и сесии, со 111 говорници и повеќе од 700 учесници од Србија, регионот и други делови од Европа и светот. На тридневниот …

Почнува Белградскиот безбедносен форум – најпрестижен во овој дел од Европа Read More »

Заев: Подготвен сум да ја платам цената


Четиринаесетминутниот говор на премиерот Зоран Заев, во кој апелираше за амнестија и помирување меѓу политичките партии за насилствата од 27 април, го засени првиот ден од вчерашната расправа во Собранието каде единствена точка на дневниот ред беа уставните измени по договорот со Грција. Тој рече дека тежината на историската одлука и на одговорноста лежи врз …

Заев: Подготвен сум да ја платам цената Read More »

Заев понуди помирување за двотретинско мнозинство, седницата продолжува и денеска


Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во …

Заев понуди помирување за двотретинско мнозинство, седницата продолжува и денеска Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме правда, а не амнестија за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа понудата на премиерот Зоран Заев за амнестија и помирување на политичките партии за ланските насилства во Собранието. Од опозицијата велат дека „27 април“ е политички фабрикуван случај, без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци. „Педесетина луѓе со месеци се предмет на политички прогон, со цел Зоран Заев да …

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме правда, а не амнестија за 27 април Read More »

Заев за „Та неа“: Не постои подобар договор за двете страни од Договорот од Преспа


Грција – Под наслов „Потребна е политика, а не нови граници“, на насловната страница, викенд изданието на грчкиот весник „Та неа“ го пренесува интервјуто со македонскиот премиер Зоран Заев. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во опширното интервју премиерот Заев вели дека не постои подобар договор од актуелниот, изразува надеж дека пратениците ќе …

Заев за „Та неа“: Не постои подобар договор за двете страни од Договорот од Преспа Read More »

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, затоа што оваа шанса е неповторлива. Одлуката која ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните и верувам дека сите ние пред се и над се ќе мислиме на нашата …

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Заев: Нашата генерација има чест да се избори за европската иднина


Храбрите борци во 1941 година со својот избор и со организираните партизански единици на народноослободителното движење го завршија делото наречено држава, Македонија, избраа да ги положат и животие за да изградат од новата држава, светилиште на слободата и да им ја даруваат на идните генерации како завет да ја чуваат и унапредуваат, рече пред присутните …

Заев: Нашата генерација има чест да се избори за европската иднина Read More »

Заев: Пратеници, време е!


Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на стратешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ. – Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа …

Заев: Пратеници, време е! Read More »