Трудниците и болните да не одат на работа


Бремените жени и лица со одредени заболувања да бидат ослободени од работни обврски, препорача вчера Министерството за здравство. репораката е поради големото загадување на воздухот во Скопје. Од работа треба да бидат ослободени и лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма и лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. …

Трудниците и болните да не одат на работа Read More »

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје


Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и …

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје Read More »

Струмица најзагаден град во Македонија во последните 24 часа


Воздухот во главниот град есктремно загаден и за време на последното деноноќие, со измерени максимални 584 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, додека најзагаден град во последните 24 часа во Македонија беше Струмица со измерени 670 микрограми на метар кубен. Високи отчитувања покажаа мерењата на сите мерни станици во Скопје. Кај Ректорат ПМ10 …

Струмица најзагаден град во Македонија во последните 24 часа Read More »

Ќе се воведуваат еколошки налепници за возилата и таксистите


Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила. Со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата. „Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по …

Ќе се воведуваат еколошки налепници за возилата и таксистите Read More »

Стапија во сила владините мерки против загадувањето


Ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, е една од мерките која од утрово стапи во сила по добиените информации од УХМР за квалитетот на воздухот кој последователно повеќе …

Стапија во сила владините мерки против загадувањето Read More »

Скопје се разбуди во магла и загаден воздух


Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот. Според мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоките концентрации во Лисиче …

Скопје се разбуди во магла и загаден воздух Read More »

Општина Карпош со интервентни мерки за справување со загадувањето


Општина Карпош презема интервентни мерки за справување со загадувањето во општината, изјави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Тој најави започнување на процедура за итна набавка на прочистувачи на воздух за сите градинки и училишта на територија на општина Карпош. – Дополнително итно ги запираме градежните активности кои произлегуваат од работењето на општина Карпош и се однесуваат …

Општина Карпош со интервентни мерки за справување со загадувањето Read More »

Попладне чекаме ветер да го расчисти Скопје


Попладне се очекува расчистување на маглата и загадувањето во Скопје. Од УХМР најавуваат дека околу пладне и попладне ќе почне да дува ветер кој ќе придонесе кон расчистување на маглата и загадувањето, а од утре ќе има и дожд. Нивото на ПМ 10 честичките во изминатото деноноќие во Центар не се спуштило под 200 микрограми. …

Попладне чекаме ветер да го расчисти Скопје Read More »

САД и Русија се закачија околу загадувањето во Скопје


Руската амбасада во Македонија, преку нивниот Твитер профил, одговори на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје. – Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада. Претходно, Амбасадата на САД во Македонија …

САД и Русија се закачија околу загадувањето во Скопје Read More »

Шилегов: Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување


Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување на некои луѓе кои изминатите години направија урбанистички хаос во Скопје, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во „Само вистина“ на Канал 5. Тој рече дека главниот град го плаќа данокот на сечење паркови во четири часот наутро, затоа што на некој како што се слушна во …

Шилегов: Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување Read More »

Отворена дополнителна амбуланта на Пулмологија, зголемен бројот на пациенти од загадувањето


Расте бројот на пациенти кои поради аерозагадувањето побарале помош на Клиниката за пулмологија. Затоа, како што вели директорот Докиќ, отворена е и дополнителна амбуланта со цел да ги прими сите пациенти со приоритетни упати. Со најлоша клиничка слика се хронично болните- оние со пневмонија, бронхитис, астма, белодробни фибрози, јавува Македонската радио телевизија.   „Аерозагадувањето смета …

Отворена дополнителна амбуланта на Пулмологија, зголемен бројот на пациенти од загадувањето Read More »

Родители в среда ќе ја бојкотираат наставата поради загадувањето


Родители на деца кои одат во училиште најавија бојкот на наставата в среда, на 20 декември, со цел да покажат колку е важна борбата против загаденоста на воздухот. „За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе четири години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на назадоволството од непсравувањето …

Родители в среда ќе ја бојкотираат наставата поради загадувањето Read More »

Загадениот воздух ги разболува и неродените бебиња


Загадениот воздух предизвикува да се раѓаат бебиња со помала тежина, што може да предизвика трајни оштетувања на нивното здравје, покажуваат научни истражувања во врска со последиците од аерозагадувањето на светско ниво. Последно во низата е истражување на научници од Лондон, кои, испитувајќи го влијанието на воздухот врз здравствената состојба на населението, најавија „катастрофа на јавното …

Загадениот воздух ги разболува и неродените бебиња Read More »

Скопје е како во гасна комора


Енормното загадување во Скопје што го имаше вчера, со уште поголема жестина продолжи и утрово. Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица кај Ректорат. Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен. Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките беа регистрирани на сите мерни станици. Според апликацијата Мој воздух, енормно големо загадување има и …

Скопје е како во гасна комора Read More »

Во Скопје вечерва не се дише


Во Скопје и вечерва степенот на загаденост на воздухот е на алармантно ниво. Најзагадена населба со највисоки концентрации на ПМ10 честичките е Карпош, каде се измерени 458, како и Ректорат со 417. Во Лисиче концентрацијата на ПМ10 честички е 368, а во Гази Баба 360. Во Центар концентрацијата е 336. Сите овие вредности се многукратно …

Во Скопје вечерва не се дише Read More »

Шилегов: Борбата со загадувањето не е риалити шоу


Постапката за чиста животна средина и за чист воздух не е постапка со филмска брзина, ниту, пак, настап во риалити шоу. Тоа е комплексна работа на која сите треба да се посветат, а и да се откажат од едни навики, доколку се сака да се има здрава животна средина. Ова денеска го истакна градоначалникот на …

Шилегов: Борбата со загадувањето не е риалити шоу Read More »

Чист воздух скопјани дишеа само два часа


Скопјани и во изминатото деноноќие дишеа загаден воздух, а таква е ситуацијата и утринава. Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките се регистрирани на сите мерни станици, а максималната од 533 микрограми е измерена во Лисиче. Во Лисиче измерените концентрации од 17 часот вчера се движат од 140, 327, 496, достигнувајќи го максимумот од 533 на …

Чист воздух скопјани дишеа само два часа Read More »

Според Владата најголем загадувач на воздухот е греењето на дрва


Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас. – Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, …

Според Владата најголем загадувач на воздухот е греењето на дрва Read More »

Тетово утрово е најзагаден град во државата


Воздухот во Скопје, Битола и Тетово и утрово е загаден, иако концентрациите на ПМ10 чекстичките се пониски од оние во текот на ноќта. Мерните станици утрово измерија концентрации на ПМ10 честичките од 120 микрограми во Тетово, 165 во Битола, Центар 140, Карпош 135, Гази Баба 96, Лисиче со највисока загаденост утрово 185, додека во ректорат …

Тетово утрово е најзагаден град во државата Read More »

Скопје ќе се чисти во голема акција


Град Скопје од денеска почнува голема акција да се исчистат улиците, со цел да се намали загаденоста. Акцијата ќе почне денес во општина Бутел и ќе се спроведува во следните 20-тина денови. -Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните …

Скопје ќе се чисти во голема акција Read More »