Шилегов: Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување


Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување на некои луѓе кои изминатите години направија урбанистички хаос во Скопје, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој рече дека главниот град го плаќа данокот на сечење паркови во четири часот наутро, затоа што на некој како што се слушна во „бомбите“ му текна дека сака да го разубави тоа место.

Шилегов вели дека не постоји копче со кое ќе се исчисти воздухот во градот, засто се неопходни сет мерки со кои ќе се остранат клучните причинители на загадувањето, атоа не можњ да се направи во краток период од 50 дена колкѕ што е тој на функцијата градоначалник на Скопје.

Шилегов смета дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад Фејсбук иницијативата со која загрижени родители најавуваат дека нема да ги пуштат нивните деца на училиште поради загадувањето на воздухот.