Сончево и потопло со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала  облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено на север и на запад. УВ=7. Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со повеќе сончеви …

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно Read More »

Временска прогноза: Попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска во утринските часови ќе биде малку до умерено облачно, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Во попладневните часови ќе биде променливо облачно, наместа ќе има нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер. Особено нестабилно се очекува да биде во централните, источните како и во западните делови …

Временска прогноза: Попладне пороен дожд и грмежи Read More »

Денеска променливо облачно со услови за дожд, температурата до 26 степени


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, дневната од 16 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје слично …

Денеска променливо облачно со услови за дожд, температурата до 26 степени Read More »

Се менува времето: Од утре облачно со поројни дождови и ветер


Облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален …

Се менува времето: Од утре облачно со поројни дождови и ветер Read More »

За 1 Мај температури до 31 степен, попладне можна нестабилност


Топло време со температура до 31 степен најавуваат метеоролозите за празничниот ден – 1 Мај. Од УХМР информираат дека времето на 1 Мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи …

За 1 Мај температури до 31 степен, попладне можна нестабилност Read More »

Сончево утро со попладневен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Како што информира УХМР, утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 18 до 25 степени. …

Сончево утро со попладневен дожд Read More »

Денеска облачно со дожд и слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од16 до 22 степена. Во Скопје слично време, умерено облачно со слаб …

Денеска облачно со дожд и слаб ветер Read More »

Денеска и утре дождливо, на Велигден ќе пука сонце


Денеска и утре во поголемиот дел од државава времето ќе биде облачно и дождливо. Во текот на денешниот ден во југоисточниот дел од Македонија ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Како што соопшти УХМР, утре во југоисточниот дел на државата …

Денеска и утре дождливо, на Велигден ќе пука сонце Read More »

За Велигденските празници сончево и топло


До сабота ќе има врнежи од дожд, а за време на Велигденските празници ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Утре сè уште ќе биде топло, но ќе има повремен слаб локален дожд, а во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта во петок …

За Велигденските празници сончево и топло Read More »

Денеска е топло, во сабота се очекува пекол


Скопјани денеска се израдуваа на високата температура и сончевото време. Плоштадот беше преполн од граѓани кои сакаа да се стоплат, по неколкудневниот дожд и свежите утрински температури. Немаше место ни по кафулињата кои веќе ги отворија летните тераси. На секој чекор веќе се гледаат расцутени цвеќиња. Ако денеска беше топло, в сабота ќе биде пекол. …

Денеска е топло, во сабота се очекува пекол Read More »

Денеска пролет, од понеделник повторно дожд и поладно време


Денеска времето низ целата држава ќе биде како среде пролет, стабилно, претежно сончево и релативно топло. Температурата наместа ќе достигне и до 20 степени целзиусови. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. И во Скопје времето ќе биде слично, со температура до 19 степени. Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи …

Денеска пролет, од понеделник повторно дожд и поладно време Read More »

Времето ќе не разболи: В среда температура до 19 степени


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека идната недела се очекуваат повисоки дневни температури. Во среда дневната температура ќе достигне до 19 степени. Во понеделник утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12 степени, во вторник од три до осум степени и од 10 до 15 степени, …

Времето ќе не разболи: В среда температура до 19 степени Read More »

(ФОТО) Пролетно време во Скопје, зимата никако да дојде


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините. Утринската температура ќе се движи од минус два до нулата, а дневната од осум до 16 степени. Во Скопје …

(ФОТО) Пролетно време во Скопје, зимата никако да дојде Read More »

Се очекува дожд и снег низ Македонија


Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од …

Се очекува дожд и снег низ Македонија Read More »

Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Берово


Утринава најмногу снег, четири сантиметри има во Лазарополе, а најстудено е во Берово и Петровец каде се измерени минус четири Целзиусови степени. Времето е ведро и студено, во североисточниот дел од земјата со слаб ветер од променлив правец. Снежна покривка од два сантиметри има и во Маврово, а минималните температури се движат од минус три …

Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Берово Read More »

Облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени. Во …

Облачно со повремен дожд Read More »

Облачно со дожд и снег на планините


Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава не се забележани минусни температури. Најстудено било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во …

Облачно со дожд и снег на планините Read More »

Сончево со мала до умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутрината ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени. Во Скопје слично време, …

Сончево со мала до умерена облачност Read More »

Дождовите ќе ги зголемат водостоите


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) очекува врнежите од дожд што се предвидуваат и за наредните два дена да предизвикаат зголемување на водостојот и да ги наполнат речните корита на водотеците низ земјава. Во текот на денешниот ден врнежите од дожд беа најзастапени во западните и јужните делови од земјата. Според последните мерења од метеоролошките станици, …

Дождовите ќе ги зголемат водостоите Read More »