Денеска пролет, од понеделник повторно дожд и поладно време


Денеска времето низ целата држава ќе биде како среде пролет, стабилно, претежно сончево и релативно топло. Температурата наместа ќе достигне и до 20 степени целзиусови. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. И во Скопје времето ќе биде слично, со температура до 19 степени.

Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, најпрво во западните делови. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.