Денеска и утре дождливо, на Велигден ќе пука сонце


Денеска и утре во поголемиот дел од државава времето ќе биде облачно и дождливо. Во текот на денешниот ден во југоисточниот дел од Македонија ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.

Како што соопшти УХМР, утре во југоисточниот дел на државата повторно ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.

Во недела ќе биде сончево, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.