Oпштини ќе добијат до милион евра за подобрување на водната инфраструктура – ќе се намали ли загубата што оди до 60 отсто?


Секоја од општините и општините во градот Скопје ќе добијат по 200.000 евра подеднакво од заемот од ЕИБ , а дополнително и според индексот на развој, бројот на жители и населени места за да ја подобрат водната инфраструктура. Но, дали тоа ќе биде доволно за да не намали загубата на вода што само во Скопје …

Oпштини ќе добијат до милион евра за подобрување на водната инфраструктура – ќе се намали ли загубата што оди до 60 отсто? Read More »

Без вода дел од населбата Бутел 2, Поликлиниката „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“


Поради уличен дефект ф 300 мм на улица „Кемал Сејфула“ бб  денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бутел 2, Поликлиника „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до негово завршување. 

ГТЦ утрово без вода


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради промена на вентил од ф 20 на улица „11-Октомври“, утрово од 9.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ. Дефектот, како што наведува ЈП „Водоводи канализација“, е во Стопанска банка, а прекинот ќе трае до неговото санирање. 

Без вода дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“


 Корисниците на дел од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ денеска ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Јани Лукровски“ бр. 9. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 9 часот и ќе трае до  санација на дефектот.

Без вода улиците „Спиро Црне“, „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и „Радован Ковачевич“


Поради дефект ф.80 на ул.„Спиро Црне“ 80, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и дел од улицата „Радован Ковачевич“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:00 часот до санацијата на дефектот. 

Без вода дел од улица „Орце Николов“


Прекин на водоснабдувањето денеска, од 8 : 15 часот, ќе имаат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од бензиската пумпа Макпетрол до Клуб на новинари. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причина за прекинот е дефект во шахта на бул.„Илинден“ бр.3.

Без вода дел од Чаир и дел од Центар


 ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска,  од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2. Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, …

Без вода дел од Чаир и дел од Центар Read More »

Без вода дел од општина Бутел


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од  9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Утре ќе нема вода кај Зелен пазар


Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на булевар „Кочо Рацин“ бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Без вода дел од Визбегово, индустриската зона и центарот за дијализа


Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“. Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Нема вода на ул „Богомилски поход“ и на дел од ул „Тодор Чангов“


Од 16 попладнево прекинато е водоснабдувањето на корисниците од улицата „Богомилски поход“ и на дел од улицата „Тодор Чангов“.  Прекинот е поради дефект на хидрант на улицата „Богомилски поход“ бб, а ќе трае до завршување на интервенцијата.

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење


Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко. НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи …

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење Read More »

Нови извори на вода во Крушевско, се растоварува „Студенчица“


Се зафаќаат нови извори на вода кои ќе обезбедат дополнителна вода за с. Норово, а тоа ќе го намали притисокот врз Студенчица и пумпната станица.   Започна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори и истите денес ќе се поврзат со резервоар во Норово. Како резултат се очекува недостатоците од вода во Норово да се …

Нови извори на вода во Крушевско, се растоварува „Студенчица“ Read More »

Дури 72,4 отсто од водите биле испуштени непречистени во 2022 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера. …

Дури 72,4 отсто од водите биле испуштени непречистени во 2022 година Read More »

Без вода улиците „Козара“ и „Перо Наков“


 Без вода денеска ќе бидат улиците „Козара“ во Центар и „Перо Наков“ во Гази Баба, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето на дел од „Козара“, како што информираат од претпријатието, е поради скината цевка од страна на приватна фирма на улица „Козара“ број 26, а водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување …

Без вода улиците „Козара“ и „Перо Наков“ Read More »

Делови од Аеродром утре без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 20.06.2023 година ( вторник ) поради изведување на водоводен приклучок Ф 200 мм на улица „Венијамин Мачуковски“ 36 . Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица „Венијамин Мачуковски“ и „Анастас Митрев“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работите.

Корисници од неколку улици во Центар утре од 9 часот ќе немаат вода


Корисниците од улиците: „Диме Аницин“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“, „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Христо Смирненски“ и „Роза Луксембург“ во Општина Центар утре ќе немаат вода поради  дефект на ул. „Диме Аницин“ 6. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе почне  во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот. 

Без вода утре дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“


Поради дефект на затворач Ф-300 мм. на улицата „Џон Кенеди“ број 25 во општина Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица – непарни броеви од број 1 до број 29, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, па сѐ до санирање на дефектот.

Поради дефект утре без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект на булевар „8-ми септември“ во Општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците потегот од Бул. „Партизански Одреди“ до „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и дел од ул. „Варшавска“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот.