Нови извори на вода во Крушевско, се растоварува „Студенчица“


Се зафаќаат нови извори на вода кои ќе обезбедат дополнителна вода за с. Норово, а тоа ќе го намали притисокот врз Студенчица и пумпната станица.
 

Започна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори и истите денес ќе се поврзат со резервоар во Норово. Како резултат се очекува недостатоците од вода во Норово да се сведат на нула.

Овој процес е важен затоа што потребата за вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица ќе се намали и истовремено ќе се пумпа помалку вода преку пумпната станица во Норово која фунцкионира на електрична енергија.

„Со зафаќање на нови извори ќе се обезбеди вода за с. Норово, но ова е важно за целата општина затоа што ќе се намалат трошоците кон Студенчица и за с труја. Денес се завршува проектот со поврзување со резервоарот за вода и очекуваме недостатоците да се сведат на нула, но за тоа ќе бидеме сигурни во наредниот период“, велат од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.