Нема вода на ул „Богомилски поход“ и на дел од ул „Тодор Чангов“


Од 16 попладнево прекинато е водоснабдувањето на корисниците од улицата „Богомилски поход“ и на дел од улицата „Тодор Чангов“. 

Прекинот е поради дефект на хидрант на улицата „Богомилски поход“ бб, а ќе трае до завршување на интервенцијата.