СЗО: Вакцинацијата во Европа оди „неприфатливо бавно“


Според Ханс Клуге само 10 отсто од населението во Европа ја примило првата доза од вакцината

Вакцинацијата во Европа против Ковид-19 е „неприфатливо бавна“, рече европскиот раководител на Светската здравствена организација во четвртокот, предизвикувајќи загриженост дека доцнењата во давањето дози може да ја продолжат пандемијата како што се шират случаи на варијанти.

Само 10 отсто од населението во регионот примило една доза на вакцина, а 4 проценти ги добиле двете дози, рече Ханс Клуге.

„Вакцинацијата е неприфатливо бавна“, рече тој во изјавата. „… Ние мора да го забрзаме процесот со засилување на производството, намалување на бариерите за администрирање на вакцините и користење на секое шишенце што го имаме на залиха, сега“.

Европа беше побавна од Велика Британија и САД, не само при нарачката на вакцините минатата година од компаниите, туку и при нивно одобрување. Дури и откако тие беа одобрени од блокот, стапките на вакцинации во голема мера заостануваат зад британските и американските напори.

Клуге рече дека новите инфекции во Европа се зголемуваат во секоја возрасна група, освен оние на возраст над 80 години, што е знак дека вакцинациите што одат кај постари групи функционираат, но бавноста ги прави помладите ранливи

„Забрзувањето на вакцинацијата е клучно“.

Покрај тесните залихи, расправиите околу извозот и одложувањата на некои производители на вакцини и загриженоста за безбедноста на вакцината „АстраЗенека/Оксфорд“, откако се појавија ретки случаи на згрутчување, исто така го спречија моментумот на вакцинација.

Некои земји сè уште не даваат вакцини на британско-шведската компанија, а други, вклучително и Германија, ги ограничуваат на лица над 60 години. (Ројтерс)