СЗО уште ја проценува вакцината „спутник V“
Светската здравствена организација уште ја проценува вакцината „спутник V“ за итна употреба, објавено е вчера на страницата на СЗО.
„Како што тоа е случај и со другите вакцини кандидати, СЗО продолжува да ја проценува вакцината „спутник V“ и ќе ги објави одлуките на својот статус за итна употребакога сите податоци ќе бидат достапни и кога испитувањето ќе биде завршено“, наведе СЗО, а пренесе „Ројтерс“.
Рускиот фонд за директни инвестиции које е надлежен за промоција на вакцината „спутник V“ соопшти нешто порано дека група инспектори треба да пристигнат во Русија за да „ги завршат сите неопходни инспекции“.