Швјонтек и Жабер во женското финале на УС Опен


 

Полската тенисерка Ига Швјонтек и Он Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот грен–слем турнир сезонава УС Опен во Њујорк.

Швјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, ја совлада во полуфиналето белоруската ривалка Арина Сабаленка со 3-6, 6-1, 6-4, додека петта тенисерка во светот Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од Франција со 6-1, 6-3.

За 21-годишната Швјонтек ова е прво финале на УС Опен во кариерата, во која има две грен – слем титули на Ролан Гарос.

Нејзината противничка во утрешното финале, Жабер, ќе го игра второто финале во кариерата, а претходно најголем успех на грен–слемот во Њујорк ѝ беше пласман во третото коло.