Супертајфунот Амфан во Индија и Бангладеш однесе најмалку 14 животи


Силен циклон ги погоди Индија и Бангладеш и уништи илјадници домови, а најмалку 14 луѓе загинаа, објавија властите, додека акциите за спасување ги отежнува пандемијата од корона вирус.
Циклонот Амфан денеска најтешко ја погоди индиската сојузна држава Западен Бенгал. Циклонот од Бенгалскиот залив стигна на копното со брзина од 185 км/ч, а нивото на морето се крена за пет метри.
Во Западен Бенгал загинаа најмалку 10 луѓе, а два округа се потполно уништени од бурата која е најсилна во последните неколку години.
Комуникациите се прекинати, а подрачјето е уништено, додека властите евакуираа 500.000 луѓе, а не очекувале дека бурата ќе биде толку силна.
Дождот и понатаму продолжува, па до најтешко погодените места се уште не може да се стигне. Сојузните власти дека процена на штетата ќе направат во четврток.
Според шефицата на сојузната држава им се заканува поголема штета и уништување отколку од Ковид-19. Корона вирусот во Западен Бенгал усмрти 250 луѓе.
Во Калкута пак, кој е главен град на Западен Бенгал, силните ветрови превртувале автомобили, корнеле дрвја и електрични столбови. Делови од градот се во мрак.
Во соседен Бенгал загинале најмалку четворица. Властите евакуираа најмалку 2,4 милиони луѓе во повеќе од 15.000 засолништа.
Преселија и стотици припадници на народот Рохиња, бегалци од Мјанмар, кои живеат на остров во Бенгалскиот залив.
Властите стравуваат и дека бурата уништила големи делови плодна почва и насади, но за среќа оризот пред извесно време беше завршен.