Судскиот совет експресно закажа дисциплинска постапка за Беса Адеми


Со осум гласа „за“ и ниту еден „против“, Судскиот совет доцна попладнево усвои одлука со која се согласи целокупната постапка  за утврдување на одговорност и разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да биде јавна. По иницијативата за нејзино разрешување Судскиот совет ќе расправа в петок, на последниот работен ден од оваа година. Дисциплинска постапка со предлог за разрешување експресно беше ставена на дневен ред.

Членот на Советот Миљазим Мустафа на 28 ноември ѝ поднесе иницијатива за дисциплинска одговорност на Беса Адеми, откако претходно на трети ноември таа во интервју  побара одговорност од судии, предупреди на притисоци од функционери и на опасност и закани од разрешување на врховни судии.

Судскиот совет изрази невидена селективност со брзањето да поведе одговорност за судија и да решава за неа.Ова е најбрзата постапка за разрешување што ја спровел некогаш Судскиот совет. Претходно,  Судскиот совет 11 месеци не ја ставаше на дневен ред дисциплинската постапка против судијата од Апелациониот суд Скопје Енвер Беџети, иако уште лани во декември констатираше дека како судија-известител, девет месеци незаконски го држел предметот за масовното прислушување против Сашо Мијалков, за да застаре.Дури на 23 ноември Судскиот совет едвај го казни Енвер Беџети со 20 отсто од платата. Претходно му дозволи да учествува во изборот за врховен судија, кога не собра доволно гласови.

За судијката Лирије Елези која исто така со месеци како судија-известител го држела другиот предмет на Мијалков, „Трезор“, каде за незаконска набавка на британска опрема за следење беше првостепено осуден на 12 години затвор, Судскиот совет не ни покрена постапка. Исто така  против судиите Наќе Георгиев од Врховниот суд и поранешниот претседател на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев лани имаше претставки за најтешки дисциплински постапки, но Судскиот совет одбегнуваше да ги стави на седница. Дури на 4 јули Судскиот совет ги отвори постапките за Георгиев и за Нанев, кога експресно констатираше дека нема основ за дисциплинска одговорност.покрена дис