Судија ја блокираше наредбата на Трамп за распуштање на Министерството за образование и отпуштање вработени

Американски федерален судија ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за распуштање на Министерството за образование и нареди враќање на работа на многу од вработените во министерството кои беа отпуштени од работа.
Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Окружниот судија на САД, Мјонг Џоун, во Бостон издаде прелиминарна забрана со која и забранува на администрацијата да ги спроведе плановите објавени во март за исполнување на предизборното ветување на Трамп за затворање на одделот.
Пресудата доаѓа по две тужби во кои се тврди дека планот на Трамп претставува нелегално затворање на Министерството за образование.
Една тужба беше поднесена од училишните окрузи Сомервил и Истхемптон во Масачусетс, заедно со Американската федерација на наставници и други образовни групи. Втората тужба ја поднесе коалиција од 21 демократски обвинител.