Студија: Вакцината на АстраЗенека спречува пренос на коронавирусот


Во последно време сѐ погласни беа сомнежите во ефикасноста на вакцината на АстраЗенека. Британска студија сега покажува: веќе по првата примена доза се намалува опасноста од пренесување на вирусот

Од студијата објавена од Универзитетот Оксфорд, произлегува дека вакцината на АстраЗенека од една страна го штити оној кој ја примил од заболување од коронавирус, а од друга страна ја намалува можноста за пренос на инфекцијата на други лица.

Примената прва доза од вакцината на АстраЗенека обезбедува 76 % заштита од инфицирање со коронавирус, стои во студијата, а заштитата трае три месеци. По примањето на втората доза по 90 дена, ефикасноста се зголемува на 82%. Ризикот вакцинираниот да го пренесе вирусот на друг уште по првата примена доза се намалува за 67 %.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука