Страшна несреќа во Берлин: Со автомобил покоси група деца и нивната наставничка


Автомобил удри група луѓе во Берлин во четвртокот попладне. На местото на настанот има повредени лица, меѓу кои и деца.

Несреќата се случила во населбата Вединг,  околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобил Бе-ем-ве удрил во група деца на возраст од седум до осум години додека вртел.

Според весникот „Билд“, од вкупно 15 деца, три се повредени и се префрлени во блиската клиника „Вирхов“. Нивната наставничка е исто така тешко повреден.

Возачот излегол од несреќата без повреди, а полицијата го привела на местото на настанот.
Берлинската полиција потврди за весникот „Берлинер Моргенпост“ дека интервенира на местото на несреќата, но засега не можат да дадат детали за сторителот или точниот број на повредени.

Се претпоставува дека станува збор за несреќа.