Странски амбасадори ставаа цвеќе на споменикот на кој московјани одаваат почит за Навални

Жалиме за смртта на Алексеј Навални и другите жртви на политичката репресија во Русија - рече среде Москва амбасадорката на САД


 

Амбасадорката на САД во Русија, Лин Трејси, положи цвеќе на каменот Соловецки во Москва каде што се одава почит на рускиот опозиционер Алексеј Навални. 

„Денеска на каменот Соловецки жалиме за смртта на Алексеј Навални и другите жртви на политичката репресија во Русија. Изразуваме длабоко сочувство до семејството, колегите и поддржувачите на Алексеј Навални. Неговата сила е инспиративен пример. Го почитуваме неговиот спомен “, се вели во соопштението на американската амбасада во Русија.

Претходно истото тоа го направија амбасадорите на Велика Британија и на Шведска (долу).