Стотици Срби се собраа пред руската амбасада да жалат за Навални (ВИДЕО)


Стотици луѓе се собраа попладнево  пред руската амбасада во Белград да изразат  жалост по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во  затвор. Луѓето полагаат цвеќе и плачат, а се слуша и руска музика.

Меѓу граѓаните пред амбасадата има и оние кои побегнаа од Русија. Учесниците  велат дека Навални бил „последната надеж дека Русија може да биде слободна и нормална земја“.

„Додека беше жив имавме надеж дека Господ ќе ја спаси Русија. Денеска ни е изгубена последната надеж“, изјави Игор кој ја напушти Русија пред десет години и дојде на собирот со сопругата. 

Демонстранти се собраа пред руските амбасади и во европските метрополи.Пред амбасадата во Берлин приврзаниците на Навални мавтаа со плакати со натписи „Путин е убиец“ и „Путин во Хаг“. Во Париз демонстрантите држеа и натписи на кои пишуваше „Путин е убиец“.Во меѓувреме, цвеќе беше положено пред руската амбасада во Лондон во чест на отворениот критичар на Кремљ.

Граѓаните на Москва исто така цел ден положуваат цвеќе во центарот на градот и палат свеќи за лидерот на руската опозиција.Граѓаните се собираат и покрај предупредувањето од властите да не се приклучуваат на повиците од  социјалните мрежи. И покрај предупредувањата на властите против собири во центарот на Москва, толпи луѓе се собираат да положат цвеќе на градскиот споменик на Соловецкиот камен.На малку повеќе од еден километар од Кремљ, споменикот е формиран од голем камен од Соловецките Острови, каде што е основан првиот логор на системот на политички затвори Гулаг.Обвинителството претходно ги предупреди граѓаните да не учествуваат во акцијата во центарот на Москва, бидејќи на интернет се зголемуваат повиците за излегување на улица.

Građani Rusije postavljaju cveće
 
Protesti širom Evrope
 
Protesti širom Evrope

– Во врска со ширењето на Интернет, вклучително и социјалните мрежи, на повици за неодреден број луѓе да учествуваат во масовна акција во центарот на Москва, московското обвинителство смета дека е неопходно да предупреди на недозволивоста на прекршување на законот – се наведува во соопштението на канцеларијата.

Најголеми протести  вечерва се случуваат во Тбилиси во Грузија каде што присутните извидуваат „убијци“. 

 

Со реакција се јави и Микаел Шаакашвили, поранешниот грузијски лидер кого му се заканува истата судбина во затворото каде што го смести проруската влада на Грузија и чии фотографии на кои се гледа очигледна изгладнетост и можно труење го обиколија неодамна светот.

„Најталентираниот борец на херојскиот отпор за слобода, Алексеј Навални загина од рацете на Путин. Често не се согласував со него, а Путин често не споредуваше и не мразеше и двајцата подеднакво. Алексеј, дури и од неговата затворска ќелија, го повика прорускиот режим во Тбилиси да престане со недостојното однесување кон мене. Моите мисли и молитви се со сопругата и ќерката на Алексеј. А сепак, постојано се прашувам – како светот дозволи ова да се случи?“, напиша Шаакашвили.