Стотици илјади гласови на изборите во Бугарија се купени


Пребројување на гласовите во Бугарија

 

Бројот на купени гласови во Бугарија се брои со стотици илјади. Тоа го тврди платформата „Ти броиш“ која се занимава како гласовите се добиваат со пари или други услуги.

„На овие избори го дефиниравме точниот број на купени гласови. Еден човек со 2 отсто рејтинг рејтинг, како Дељан Пеевски, добил 150.000 гласови – толку ги има во моментов“, коментираше ноќеска за Бугарското национално радиоР Тодор Петров, координатор на платформата „Ти броиш“.

„Резултатите не беа само искривени. Ќе гледаме високо фрагментиран парламент што нема да ја претставува волјата на бугарските граѓани поради купениот и контролиран глас“.

Петров објасни дека станало јасно дека нема ризични секции, има ризични општини.

Тој коментираше за големиот број сменети членови на регионалните избирачки комисии во последен момент, а конкретно Благоевград каде имало 3.000 сменети лица.

Првата политичка сила таму е ГЕРБ, а втора е ДПС – Нов почеток на Дељан Пеевски. Трети се ПП-ДБ кои имаат 13 проценти помалку од формацијата на Пеевски.

„Загриженоста изразена од ПП-ДБ на почетокот на кампањата се покажа како вистинита. Гледавме избори кои се одвиваа во духот на страв, притисок и купување гласови. Она што се случува со смената на избирачките комисии имаше и влијание врз изборниот резултат. Еден дел од политичките сили ги користат избирачките комисии за легално купување гласови“, рече Петров.