Стоилковски: За две недели Државна лотарија дала 12 милиони евра за апарати за коцкање


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, тврдеше денес дека Државна лотарија троши милиони за апарати за коскање, иако тоа и е дејност.
 
-Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами, пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање! Екс шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари! Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкање.

Ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДС, ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ. Половина година предупредуваме на огромни скандали поврзани со Државна лотарија, со Перпарим Бајрами, со Управниот одбор на Лотарија, и вмешаност на Артан Груби и на ДУИ во тоа.

СДС и ДУИ, кратат плати под минималец во ФЗОМ, не даваат стипендии на студентите, немаат пари за земјоделците, СДС и ДУИ ги качија сметките за струја, ама затоа за две недели во јануари СДС и ДУИ имаат 12 милиони евра за апарати за коцкање, за Перпарим Бајрами и Артан Груби да се среќни!..

 
Сите овие договори, вклучително и законите на ДУИ за коцкање мора да минат низ процес на ревизија. Одговорност за вакво расипништво мора да има, порача Стоилковски.