Стоев: Состојбата во Западен Балкан е вознемирувачка


Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на министерскиот состанок  во Брисел, порача дека ситуацујата во Западен Балкан е загрижувачка.

-Во последните месеци видовме зголемени тензии во Босна и Херцеговина, меѓу Косово и Србија и има политичка нестабилност во Република Северна Македонија, рече шефот на бугарската дипломатија… „ЕУ мора да ги искористи сите достапни алатки за поддршка на домашниот политички дијалог во Босна и Херцеговина и правилното функционирање на институциите“, изјавил Стоев.

„Акцентот беше ставен и на дијалогот Белград-Приштина и внатрешнополитичката ситуација во Република Северна Македонија”, рекол бугарскиот министер за надворешни работи.

Министерот Стоев се осврнал на предлозите за зајакнување на соработката со Западен Балкан во различни области од заемен интерес, вклучително и безбедноста, хибридните закани, стратешката комуникација, илегалната миграција и други.

– Европската интеграција е двонасочна улица која бара посветеност не само од ЕУ, туку и од земјите партнери. Тие мора да се придржуваат до европските вредности, вклучително добрососедските односи и почитувањето на човековите права, рекол бугарскиот прв дипломат.

„Советот расправаше за ситуацијата во Белорусија и едногласно ги осуди дејствијата на режимот во Минск и хибридните акции против Полска, Литванија и Латвија”, се наведува во соопштението.