Стивен Сигал во име на Русија му подари самурајски меч на Мадуро


Венецуела– Претседателот на Венецуела Николас Мадуро доби подарок самурајски меч од актерот Стивен Сигал, кој беше во посета на јужноамериканската земја како претставник на Русија, покажаа сликите на државната телевизија во вторникот вечерта.

Мадуро, облечен во традиционална црна кошула на Венецуела, го постави мечот над рамото, додека Сигал кимна со главата и потврдуваше, покажаа сликите емитувани од претседателската палата Мирафлорес во Каракас.

„Шефот на државата на Венецуела маневрира откако извади меч“, рече нараторот на државната телевизија, нарекувајќи го оружјето „симбол на лидерството“.

„Имав многу пријателска, приврзана средба со Стивен Сигал“, рече Мадуро во средата во пренос на телевизија во кој тој го споменува американскиот актер како „мојот брат“.

„Разговаравме за заеднички пријатели како претседателот на Русија, Владимир Путин, заради неговиот интерес за заштита на шумите“, рече тој.

Мадуро додаде дека Сигал бил во Канаима во средата, национален парк во јужната држава Боливар, придружуван од министерот за автохтони народи на Венецуела.

Сигал, е познат по улогите во акциони филмови. Тој одамна е јавен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, и љубител на боречки вештини. Во 2016 година, Путин му додели руско државјанство на Сигал и му подари пасош.

Мадуро е означен како диктатор од Соединетите држави и многу други западни нации, кои го обвинуваат за кршење на човековите права и местење на неговиот реизбор во 2018 година. Но, тој остана на власт делумно благодарение на постојаната поддршка од Русија, која го повика Вашингтон да не се меша во внатрешните работи на Каракас.

(Ројтерс)