Средбата Трамп – Меј закажана за утре во Даунинг стрит


Британската премиерка во заминување Тереза Меј нема да има тет-атет средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Велика Британија.

Од Канцеларијата на Тереза Меј е соопштено дека двајцата лидери ќе се состанат утре во Даунинг стрит 10 во друштво на високи функционери и ќе ја посетат Воената соба на Черчил и подземното седиште на Черчил во Втората светска војна.

Посетата се случува во неделата кога Меј одлучи да се повлече од позицијата лидер на Конзервативната партија, откако не успеа во Парламентот да го ратификува договорот за Брегзит. Велика Британија ќе добие нов премиер за неколку недели.