Србинот Стефан загина спасувајќи други во Кран Монтана. Сега на неговото семејство му е потребна помош
Веста дека Стефан Ивановиќ трагично загина во пожарпт во бар во Кран Монтана, Швајцарија, додека спасувал туѓи животи, ја потресе цела Србија, регионот, а и Европа. Швајцарската фондација „Хепи пот“ започна кампања за собирање средства со цел да се транспортира неговото тело во Србија, каде што ќе биде погребан.
Кобната вечер, Стефан работеше како агент за обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој избрал да остане а не да побегне. Се фрлил во пожарот, обидувајќи се да го изгасне и да евакуира што е можно повеќе луѓе кои сè уште биле заробени внатре. Со својата храброст и несебичност, Стефан спаси многу животи. Неговиот херојски чин го чинеше да го загуби својот.
Зад Стефан остана неутешното семејство со скршено срце погодено од трагичната загуба на синот, братот и саканата личност.
На веб-страницата на фондацијата „Хепи пот“ е наведено дека кампањата за собирање средства е започната за да му се помогне на семејството на Стефан да го донесе неговото тело во Србија, каде што се планира да биде погребан.
„Оваа фондација има за цел да ги покрие сите трошоци за транспорт на Стефан до Србија, како и трошоците за погребот. Сакаме да му оддадеме на Стефан последна почит достојна за човекот каков што беше и да му пружиме конкретна поддршка на неговото семејство во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението.
За време на прославата на Нова година, во бар во Кран Монтана избувна пожар, при што загинаа 40 лица, а околу 119 беа повредени.
Во моментот на пожарот, во барот имало пет српски државјани, меѓу кои и Стефан Ивановиќ. Четворица Срби се повредени и се лекуваат во Германија.