Совршена медитеранска салата за топло лето


Оваа медитеранска салата е комбинација од туна и компири, а мирисот на лимон и маслиново масло и дава посебен вкус.

Состојки:

700 гр компири
250 гр туна во масло
прстофат магдонос
прстофат сол и бибер
1 кора од лимон
1/2 пиперка
1 праз
2 тврдо варени јајца
маслиново масло по вкус
сок од 1 лимон

Подготовка:

За оваа салата прво сварете ги компирите во тенџере со вода, со малку сол. Конзервираната туна заедно со маслото префрлете ја во сад за салата. Изрендајте малку кора од лимон и бибер. Ситно исечкајте го магдоносот и измешајте го во салатата. Празот и пиперките исечкајте ги и додадете ги во салатата.

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, додадете ги во салатата и посолете ги. Исцедете го сокот од 1 лимон и прелијте ја со салатата. Истурете го маслиновото масло. Сè убаво измешајте и декорирајте со две варени јајца исечкани на прстени. Уживајте!