Совети за хороскопските знаци како да се однесуваат во врската
Иако многумина од нас мислат дека најдобро знаеме како треба да постапиме во врската, понекогаш е добро да слушаме совети од „надвор“, бидејќи на другите им е полесно објективно да гледаат на работите и да видат некои од нашите „слаби точки“.
Овен
Внимателно бирајте ги битките, не војувајте „до крв“ И не кажувајте работи во жарот на моментот, бидејќи сигурно ќе зажалите.
Бик
И вие и вашиот партнер треба малку да дишете. Дозволете му на вашиот партнер да знае дека го сакате, но дајте му простор одвреме-навреме, затоа што и вие ќе бидете среќни.
Близнаци
Не се губете во врската. Негувајте ги и вашите соло интереси. Ако не го направите тоа, со текот на времето ќе почнете да му замерувате на партнерот.
Рак
Верувајте му на партнерот, опуштете се, излезете од својата школка. Тој ве сака и сигурно ништо лошо нема да се случи ако само се препуштите.
Лав
Нека блесне и вашиот партнер. Запомнете дека светот не се врти само околу вас. Опсипете го со внимание, бидејќи тој тоа го заслужува.
Девица
Прифатете и разберете дека луѓето прават грешки. Не бидете строги кон партнерот, бидејќи не би сакале партнерот да ја лови секоја ваша грешка, да ја анализира и да ви направи поголем проблем отколку што навистина е.
Вага
Станете, заземете став и изнестете ги вашите потреби. Добриот партнер ќе го почитува тоа и ќе се обиде да ги исполни.
Скорпија
Престанете да се замарате со глупави аргументи, расправии и караници. Ако продолжите да се лутите подолго од потребното, малиот проблем ќе го претворите во голем.
Стрелец
Внимавајте на вашиот тон, вашите донекаде остри мислења и внимавајте на чувствата на вашиот партнер. Ако навистина ви е гајле, обидете се малку да го извртите, пред да кажете било што.
Јарец
Опуштете се! Вашиот личен и деловен живот се два посебни сегменти, не дозволувајте да се мешаат.
Водолија
Престанете да се преправате дека знаете сè. Ако знаете нешто, не мора да го откривате на сите. Понекогаш и вашиот партнер сака да биде тој што ќе реши нешто успешно.
Риби
Не се откажувајте цело време. Некои борби треба да се водат до крај или вашиот гнев ќе се насобере додека не се скршите.