„Соваж“ на Диор е најпродаваниот парфем во светот- секои 3 секунди се продава по едно шише
Парфемите на модната куќа Dior се омилени на многумина, а според пазарните резултати, еден од нив е особено популарен. Имено, Dior Sauvage стана најпродаваниот парфем во светот, вклучувајќи ги и машките и женските мириси.
Парфемот настанал во 2015 година и е креација на Франсоа Демаши, кој тогаш создавал парфеми за Dior и се одлучил за живи и богати ноти на портокал и бергамот, како и пудрести и дрвенести ноти. Интензивниот и моќен мирис е богат со сурови материјали, кои ги изненадија и ги освоија обожавателите од целиот свет.
Sauvage Universe е поделен на четири дела, кои се разликуваат по интензитет – Sauvage, Sauvage Eau de Toilette, Sauvage Parfum и Sauvage Elixir, кој е најјак по интензитет. Elixir е посебен по тоа што ги надминува границите на концентрацијата на парфем во мирисот.