Сопругата на Навални тврди дека е отруен со новичок


Алексеј Навални со сопругата Јулија

„Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални. Продолжете да се борите за нашата земја. И ве повикувам да застанетедо мене“, најави денес сопругата на умрениот руски опозиционер Алексеј Навални. Таа денес ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, додека мајката на навални се обидува да го добие телото на синот за да може да го погреба. 

Таа денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг, додавајќи дека тој бил труен со нервниот агенс новичок.

– Го кријат неговото тело, чекајќи да исчезнат трагите од новичок од неговото тело – изјавила вдовицата на Навални.

Руските пропагандисти и ботови на социјалните мрежи деновиве се надминаа себеси масовно постирајќигннасотии околу сопругата на Навални, која според нив се смеела кога ја слушнала веста за неговата смрт и и порачуваат дека сега – може да излегува слободно со својот дечко.Меѓу другото и се постираат снимки на Навални за кои се тврди дека покажуваат дека бил задоен со нацистичка идеологија и слични тези кои ги употребуваа и за украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Кремљ соопшти дека телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури.

„Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрски“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се јавни.
 
Рускиот медиум „Медиазона“ објави снимка за која тврди дека прикажува конвој од четири возила кој го спроведува мртвото тело на рускиот опозиционер Алексеј Навални од сибирската колонија Харп. Третото од возилата, полициско комбе со кое се спроведуваат затвореници е она за кое постои сомневање дека го носи телото по заледениот пат во ноќта. Снимката е направена на пат од градот Лајбтнанга до градот Салехард каде се наоѓа мртовечница. Комбињата ја премостуваат реката Об во правец кон Салехард.

Во документите од затворот кои ги добила мајката на Навални, Људмила, се наведува дека Навални починал на 16 февруари во 14:17 часот.Еден затвореник од колонијата изјавил за „Новаја газета Европа“ дека затворениците знаеле за смртта четири часа пред тоа.