Сопрени сите летови за Ла Палма поради вулканската ерупција
Комерцијалните летови за шпанскиот остров Ла палма денеска се сопрени, затоа што вулканот исфрла пепел и намалена е видливоста.
Вулканот исфрла лава од минатата недела, а околното население беше евакуирано, па нема жртви.
Летовите за соседните острови како Тенерифе и Ла Гомера повторнос е воспоставени, објави авиопревозникот Бинтер на Твитер. Траектите од Ла Палма за Тенерифе не се сопрени.
Вулканот во паркот на природата од неделата изфрла пепеп, карпи и лава на температура од околу 1.000 степени Целзиусови.
Пожарникарите и доброволните кои им помагаа беа присилени да се повлечат. Евакуирани се три места со неколку стотици жители.
Нивото на активност на вулканот во петокот порасна, а во саботата малку се намали.
Од почетокот на ерупцијата околу 6.000 луѓе се преместени на сигурно, а лавата досега уништи 420 куќи и 190 хектари земја.
Не се знае колку долго ќе потрае ерупцијата, прва во последните 50 години.