Сообраќајните табли сменети, сите правци ги праќаат руските војници „да се ебат“


Украинското Министерство за внатрешни работи побарало од жителите да ги симнат уличните знаци и таблите со имиња на сите градови и други места  за да ги збунат руските трупи што доаѓаат.

Државната агенција за патна сигнализација,пак, отишла  чекор понатаму, па објави една од таблите на која грубо преведено сите насоки покажуваат  „одете да се ебете“.

Подоцна од Агенцијата објавија дека тоа било само илустрација и дека таква табла не е поставена. Сите табли и сообраќајни знаци што биле симнати се дадени на чување на локалните власти.