Сончево и многу топло, УВ индекс 9
Сончево и многу топло време – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 38 степени.
Сончево и топло време со слаб северозападен ветер денеска ќе има и во главниот град. Температурата ќе биде од 19 Целзиусови степени наутро, до 38 степени во текот на денот.
Од УХМР информираат дека од денеска до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на некои места ќе достигнуваат и 40 степени.