Социјалдемократите победија на изборите во Литванија
Без оглед на победата на опозицијата прозападниот курс на Литванија и антируската политика нема да се променат
Опозициската Социјалдемократска партија во Литванија победи на парламентарните избори во неделата, истиснувајќи ја премиерката Ингрида Шимоните и нејзината актуелна Татковинска унија – литванските демохристијани.
„Резултатите се одлични“, изјави лидерката на социјалдемократите (ЛСДП) Вилија Блинкевичиуте за новинарите во партискиот штаб на изборната ноќ. „Тоа покажа дека луѓето сакаат промени“.
Сепак, Мажвидас Јастрамскис, вонреден професор на Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус, рече дека е тешко да се идентификува што навистина ќе се промени од владеењето на демохристијаните (ТС-ЛКД) во интервју за телевизијата ЛРТ во текот на изборната ноќ.
На пример, Литванија ќе го задржи својот тврд пристап кон Русија и ќе ја задржи својата прозападна надворешна политика, при што ЛДСП гласно го поддржа зголемувањето на буџетот за одбрана.
Блинкевичиуте, член на Европскиот парламент, се надева дека ќе формира коалиција со Сојузот на демократите „За Литванија“ (ДСВЛ) и Литванската унија на фармери и зелени (ЛВЖС), им рече таа на новинарите.
Сепак, иако претходно изјави дека ќе се откаже од европратеничкото место за да ја преземе премиерската функција, во неделата не им даде јасен одговор на новинарите кои побараа од неа да го потврди тој план. Водачот на ДСВЛ, Саулиус Сквернелис, сепак, рече дека е „100 отсто“ сигурен дека Блинкевичиуте ќе ја преземе премиерската улога.
Избирачките места се затворија во 20 часот, се гласаше во 63 изборни единици кои немаа јасен победник по првиот круг од парламентарните избори на 13 октомври.
Официјалните резултати покажаа дека ЛДСП обезбеди 52 места од вкупно 141, додека ТС-ЛКД доби 28 места. Националистичко-популистичката Зора на Немунас освои 20 места, додека ДВСЛ освои 14, Либералното движење доби 12 и ЛВЖС 8.
Околу 78 парламентарци беа избрани во првиот круг, при што преовладаа социјалдемократите.
141 место во Сејмас, Во парламентот на Литванија, Сејмас, има 141 пратеници. Од нив 70 места се доделуваат преку партиски листи, а со директно претставување 71 место.