Собранието освои повеќе закони вратени од Иванов


Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 94 седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.

Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за изменување и дополнување на законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Заменикот претседател на Собранието Горан Мисовски, информира дека согласно информацијата од Претседателот на Република Северна Македонија, со која го информира Собранието дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, Собранието овие Закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.

– Согласно член 75 став 2 Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е обврзан да го потпише указот,  истакна Мисовски.

На почетокот на денешната седница, заменикот претседател на Собранието, информира дека по координација со координаторите на пратеничките групи било усогласено да се продолжи со гласање по точките, без расправа, по Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието.