Слукас МВП на 14. коло во Евролигата
Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на натпреварите од 14. коло во Евролигата.
Панатинаикос триумфираше на гостински терен над Асвел со 89-81, а Слукас беше меѓу најзаслужните за победата на грчкиот тим.
Слукас го заврши натпреварот со 18 поени, пет скокови, една украдена топка, а во личната статистика додаде и рекордни 12 асистенции, што севкупно му донесе индекс на корисност 29.