Словенија воведува нови мерки, нема во обложувалница без ковид сертификат
Бројот на дневните зарази со корона вирус во Словенијиа повторно е во пораст, поради што од понеделник се воведуваат поерстриктивни мерки за влез во ресторани, обложувалници и за турстички престој.
Во последните 24 часа потврдени се 93 нови зарази со корона вирус, а едно лице почина од последиците од болеста, објави денеска словенечката влада.
Во земјата во моментот, има 831 заразено лице, а седмудневната инциденција на 100.000 жители изнесува 63, додека 14-дневната 39.
Во споредба со состојбата од пред седум дена, во последните 24 часа потврдениот број заразени е за 52 отсто повисок и највиоск овој месец по вторникот кога имаше 110 заразени.
Зголемен е и уделот на позитивни тестови и сега изнесува пет отсто.
Според последните податоци во Словенија досега вакцинирани се 37,4 отсто од жителите, што е недоволно за заштита на населението пред есенскиот можен нов бран на пандемијата со новиот поопасен делта сој.
Затоа владата воведува нови мерки на рестрикција во некои дејности.
Така, во понеделник се воведува правилото рестораните, обложувалниците и салоните за игра на среќа, како и туристичкото сместување и некои активности на отворено каде се собираат доста луше, да не смеат да ги посетуваат луѓе кои не се вакцинирани , кои ја преболеле болеста или имаат негативен тест не постар од 48 часа.
За исполнување на обврските ќе бидат одговорни организаторите, односно сопствениците на објектите.
Што се однесува на негативниот учинок на епидемијата врз состојбата на популацијата, статистичката канцеларија на Словенија во петкот објави податок дека лани е забележан негативен природен прират на населението за 2020 година, најголем од 1945 година наваму. ИМено, лани починале 5.249 повеќе одтколку што се родиле.
На тоа најмногу влијаело натпросечно високата смртност во ноември и декември, во текот на интензивниот втор бран на епидемијата.
Од почетокот на пандемијата досега во Словенија според официјалните податоци, починале вкупно 4.427 луѓе заразени со корона вирус.