Словенија со 150 отсто повеќе новозаразнеи од минатата недела
Во изминатите 24 часа во Словенија забележани се нови 2.515 случаи со корона вирус, што е за 150 отсто зголемување од претходната недела.
Како што покажуваат денешните податоци на Националниот институт за јавно здравје, ова е шести ден по ред бројот на новозаразени двојно да се зголемува на неделно ниво, наведува агенцијата СТА.
Околу 48 отсто од сите ПЦР тестови се позитивни, што е најголема стапна во актуелниот бран на пандемијата.
Во Словенија 14-дневниот просек е 1.719 заболени на 100.000 ѓто е за 85 повеќе од претходниот ден, а седмодневниот просек на дневни случаи порасна за повеќе од 200.