Словачкиот премиер тајно купи руски вакцини – владата му виси на конец


 

Одлуката на премиерот на Словачка Игор Матович во тајност да купи дози од руската вакцина на корона вирус доведе до криза во владата.

На овој потег се спротивставија неговите коалициски партнери.

Матович ја бранеше одлуката да купи руска вакцина, неодобрена од ЕУ, наведувајќи дека тоа го направил во јавен интерес, по скокот на новозаболени во Словачка, една од пандемијата најтешко погодена европска земја.

Премиерот криеше дека договорил купување руска вакцина се додека вчера во Словачка не слета авион со првите 200.000 дози, а наведе дека не е најважно од каде е вакцината туку дека спасува животи.

Словачка, по Унгарија, стана втора членка на ЕУ која се одлучи да ја користи руската вакцина, иако не е одобрена од ЕМА.

Купувањето на руската вакцина е одобрено од словачкиот министер за здравство Марек Крајчи, кој во четворочлената владејачка коалиција ја претставува партијата Движење на обичните луѓе, партија на премиерот.

Но, со ставот на партијата на премиерот не се согласуваат дручите коалициски членови.

Коалицијата пред распад

МИнистерот за надворешни работи, Иван Корчок, од Партијата на слобода и солидарност, побара консултации со државниот врв околу купувањето на руската вакцина, за која вели дека претставува средство на Русија во хибридната војна против Западот.

„Тоа е политичко средство кое не дели дома и во странство“, наведе Корчок и додава дека купувањето на руската вакцина фрла сенка на јасната заднина на ориентацијата на Словачка.

Лидерката на Партијата за народот, заменичката на премиерот Вероника Ремисова повеќе пати рече дека руската вакцина не може да биде користена без одобрение на ЕМА.

„НИе се грижиме за здравјето на нашите граѓани и нивната имунизација, но единствено со вакцините чија безбедност и ефикасност се потврдени“, наведува Ремисова.

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова рекла дека се залага за сите достапни и безбедни вакцини, но дека „спутник V” не е една од нив затоа што нема одговорна институција која гарантира дека е безбедна.

Од друга страна, премиерот Матович наведува дека Словачка не е во позиција да се потпира само на европските решенија бидејќи западните вакцини споро стигнуваат во земјата.

Матович рече дека два милиони дози од руската вакцина може да помогнат во надминувањето на најлошата криза од Втората светска војна.

Словачка е земја со 5,4 милиони жители, а досега пријави смрт на 7.388 луѓе од корона вирусот.