Словачка воведува полициски час

Словачка од вечерва воведува полициски час во текот на ноќта, рече министерот за здравство Марек Крајќи додека семјата се бори со највисока стапка на смертност од корона вирус во светот.
Словаците нема да смеат да излегуваат од дома од 20 часот до 5 наутро, се наведува во владината одлука.
На луѓето им се препорачува да останат дома, а може да излезат само за на лекар, на работа или на шетање заради рекреација или со кучето. Полицискиот час ќе биде задолжителен до 19 март, а може и да се продолжи.
Земјата со 5,4 милиони жители во последните две недели во просек пријавуваше 24 починати на 100.000 жители, покажуваат податоците на агенцијата Франс прес.