Скопје доби елка на Плоштад, новогодишната програма се уште мистерија


Фото: Б. Грданоски
 

Украсувањето на центарот на Скопје и натаму една од главните теми меѓу жителите на главниот град, а од денес на плоштадот „Македонија“ беше поставена голема елка, на црвена платформа врз подната фонтана, која со години не функционира.  Претходно стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии. Но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот се уште нема.

Фото: Б. Грданоски

И годинава, градоначалничката Арсовска не сака да биде транспарентна кон медиумите и граѓаните и да ги соопшти деталите околу фирмата и сумата што ќе се потроши за украсување, како и информацијата кој ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ. Минатата година, соопшти дека градот ќе се накити за 30 илјади евра, но никогаш не се дозна која беше фирмата што ги доби парите за украсување. Лани, скопјани ја дочекаа 2024 година со настап на македонски поп-и фолк пејачи. Дино Мерлин беше последната голема ѕвезда која настапи на Плоштадот за дочекот на Новата 2020 година, а на спектакуларното шоу присуствуваа 60 илјади граѓани.

Фото: Б. Грданоски