Скапоцениот накит на посвоената ќерка на Наполеон на аукција


Швајцарија– Скапоцен накит од сафири и дијаманти кој и припаѓал на посвоената ќерка на Наполеон оди на аукција во Кристи во Женева следната недела, ретка продажба на накит директно поврзан со францускиот император.

Скапоцените камења датираат од почетокот на 19 век и се верува дека биле свадбен подарок за Стефани де Боарне, која била посвоена од Наполеон и неговата сопруга Жозефина де Боарне.

„Мислам дека накитот што потекнува од францускиот двор денес веќе е во музеи или во многу важни колекции. Ова е ретка ситуација“, изјави Лукас Бихлер од одделот за накит во Кристи.

Деветте парчиња накит во сетот, кои се продаваат индивидуално, вклучуваат ѓердан и дијадема украсени со сафири од рудници на некогашниот Цејлон, сега Шри Ланка.

Според каталогот на аукциите, накитот се проценува измеѓу 430 000 – 750 000 швајцарски франци (471 000 – 821 000 УСД). Тие се меѓу 144 парчиња што треба да се најдат под чеканот на аукцијата следната недела. (Ројтерс)